Одлична услуга од луѓе кои се грижат

 

City Optics

City Optics постои 11 години на македонскиот пазар со искусен и образован кадар од областа на оптиката и оптометријата.

Нудиме експресна и прецизна изработка на очила со најсовремен сет за изработка и вградување на леќи од компанијата Huvitz која е еден од светските лидери во своето поле.

Нашите оптометристи и оптичари ќе се погрижат за професионална контрола на вашиот вид, помош при избор на рамка, монофокални или прогресивни леќи со соодветна заштита за вашите очи како и обука за носење на контактни леќи.

Нашите клиенти добиваат целосно внимание и стручни совети за одржување на леќите за долготрајно носење и доколку настане билокаква штета на леќите купени и изработени од нашата оптика нудиме гаранција од 1 година и ќе бидат бесплатно заменети.

Работиме со контактните леќи од Soflex кои во комбинација со иновативните течности од Avizor кои се препорачани за овие леќи ќе добиете соодветна грижа за одлично здравје за вашите очи и долготрајно носење.

За очилата на нашите клиенти достапни се леќите од широката палета на Lensmak кои вклучуваат диоптриски и сончеви стакла во сите бои, како и би-фокални и мултифокални леќи изработени со free-form технологија кои гарантираат остар вид со леќи кои се изработени за најдобар естетски изглед. што е особено важно за леќите со поголема јачина.

 
 
 
Машинска изработка на вашите леќи
Користиме извонредни машини Huvitz кои овозможуваат брза и прецизна изработка, центрирање и брусење на леќите. Внимаваме и на естетскиот изглед на леќите односно целиме да се отфрли што е можно поголем дел од дебелината на леќите, особено на оние со висока јачина. За дополнителна естетика на изгледот на очилата овозможуваме полирање на ивиците на леќите.
 
 
Контрола на видот
Направете контрола на видот со напредна опрема од Huvitz со огромна прецизност. Технологија која овозможува прецизно мерење на рефрактивната моќ и корнеалната закривеност. Располагаме со функции кои овозможуваат ефикасност и зголемена удобност кај пациентот. Контролата на видот е извршена од страна на оптометристи.
 
 
Фитување контактни леќи
Искусниот персонал е стручен да ви овозможи контролен преглед за контактни леќи и да помогне при проценување на соодветен тип на контактни леќи за одлична видна острина и удобност при носењето. Го обучуваме пациентот како да ги става и вади контактните леќи. Како да води грижа, складира, третира, дезинфицира и чисти леќите. Се препорачува и распоред за носење на контактните леќи.
 
 

Нашиот тим

 
 
Елизабета Укајдари Бошковска
Елизабета Укајдари Бошковска
- Менаџер на Сити Оптикс
 
Дијана Бајовска
Дијана Бајовска
- Дипломиран оптометрист, техничар по очна оптика.
Работно искуство 11 години во Сити Оптикс. Сертифицирана за фитување контактни леќи од Soflex (Cooper Vision).

 
Емилија Павлеска
- Техничар по очна оптика вработена во Сити Оптикс од негово основање. Сертифицирана за фитување контактни леќи од Soflex (Cooper Vision).
 
 
Лука Средојевиќ
– Оптометрист и оптичар, сертифициран за контрола на видот и фитување на контактни леќи, Ortho – k и менаџмент на миопија од Soflex (Cooper Vision).
Учетство во повеќе национални и меѓународни конференции од областа на оптиката и очното здравје.
 
Марија Петровска
- Техничар по очна оптика со долгогодишно искуство. Сертифицирана за фитување контактни леќи од Soflex (Cooper Vision).
 
Мартин Рајовски
- Техничар по очна оптика со долгогодишно искуство. Сертифициран за фитување контактни леќи од Soflex (Cooper Vision).
 
 
Маријана Рајовска Попов
- Tехничар по очна оптика со долгогодишно работно искуство во Сити Оптикс. Сертифицирана за фитување контактни леќи од Soflex (Cooper Vision).
 
Василчо Јанев
-
Дипломиран оптометрист, техничар по очна оптика. Во Сити Оптикс од 2017 година.
 
Зорица Илиев
- Допломиран оптометрист со 6 години работно искуство во областа на оптометрија со очна оптика.
Член на здружение на оптометристи на Р. Македонија. Учетство во повеќе национални и меѓународни конференции од областа на оптиката и очното здравје. Поле на експертиза – одредување на диоптрија и првичен скрининг на очното здравје.

 

ДОЗНАЈ МЕЃУ ПРВИТЕ ЗА НАШИТЕ ПРОМОЦИИ

 
Запишете своја емаила дреса на која ќе ги добивате нашите е-информатори
 
 
 
 
 
City Optics ГТЦ Капиштец

ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД ДЕНЕС

 
Работно време
Пон-Пет 09:00 - 20:30
Саб 10:00 - 15:00
Нед Затворено
 
Барање за состанок:
Датум:
Избери време:
Не можеме да пронајдеме времеОставете ги Вашите детали
Пополнете ги информации за контакт
Резервиравте успешно. Ќе бидете известени за потврда на Вашата резервација.